Водостојот на Охридско Езеро 20 сантиметри под просекот за август, температурата на водата 23 степени
18.08.25 10:50
Водостојот на Охридско Езеро е 20 сантиметри под просекот за август покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Според мерењата нивото е на кота од 693.26 метри надморска височина, а просекот за август изнесува 693.46 м.н.в. Нивото на езерото денес е 16 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 9 сантимерат над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).
Неделната анализа покажува благо опаѓање од првиот ден кога нивото било на кота од 693.28 м.н.в, до денешното измерено.
Температурата на водата денес е 23 степени што е во рамки на просекот за месецов.
На 25 ноември, во денот кога го празнуваме споменот на св Јован Милостив и преп Нил Постник и во денот кога се навршуваат две години од упокојувањето на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј, во ман...
На денешниот тендер за набавка на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи во периодот јануари – декември 2027 година, ЕВН Хоме, како Универзален снабдувач со ел...
Општина Охрид објави Јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина Охрид з...