Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,71 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работ (УХМР).

Тоа е за 22 сантиметри над просекот за март утврден на 693,49 метри надморска височина или 61 сантиметри над дозволениот минимум (693,10).

Неделната анализа покажува благо намалување на нивото од измерените 693,73 м.н.в. првиот ден до денешните 693,71 м.н.в.

Температурата на водата денес и останатите денови е 6,5 степени, што е еден степен под просекот за март (7,6).

OhridNews