Волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид, која е насочена кон унапредување и зголемување на грижата за повозрасните лица, ја посетија просторијата на Центарот за дневен престој со активно стареење во Охрид, кој е во завршна фаза пред отпочнување со работа.

Веруваме дека центарот ќе стане значајно место за социјализација, поддршка и активно учество на старите лица во секојдневниот живот на заедницата. Остануваме посветени на нашата мисија – да обезбедиме повеќе грижа, внимание и достоинствено стареење за сите, додаваат.
OhridNews












