Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид реализираа посета на Одделот за геријатрија при Општата болница Охрид.

За време на посетата, како што информираат од Црвен крст Охрид, била реализирана и донација средства за потребите на пациентите на Одделот (хигиенски средства и пелени), како мал придонес во поддршката на нивната секојдневна грижа и нега.

Да не заборавиме дека вниманието, почитта и грижата за постарите генерации не треба да бидат само дел од една недела, туку наша секојдневна човечка обврска. Затоа, секогаш најдете време за оние на кои им е потребно!, порачуваат.

OhridNews