Инцидентот се случил вчера вечерта во 23:15 кај место викано ,,Бел Мост“, во атар на с.Волино. Полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило, со цел да се изврши контрола врз возилото.
Но, возачот не застанал туку со возилото се обидел да ги удри полициските службеници. При тоа од страна на полициските службеници биле испукани неколку куршуми, по што возачот се дал во бегство, а возилото кое било натоварено со дрва е запленето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот# соопшти СВР Охрид.
На 25.04.2026 во 12:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во сендвичара на Кеј “Македонија“ во Охрид.
При тоа со изгореници се здобиле двајца вработени, 39-годишно лице од Охрид и 30-годишен жител на Битола, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицински центар Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на настанот# информира СВР Охрид.
OhridNews













