Денеска ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.
Минималната температура во Охридскиот регион ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне 17 степени.
За време на викендот не очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи и сончеви периоди. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 11 степени, а максималната дневна помеѓу 19 и 29 степени.
Г.М.














