Во пресрет на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа, Општина Дебрца ги уреди спомен обележјата од Втората светска војна кои се наоѓаат на нејзината територија каде денеска со пригодни настани ќе се одбележи историскиот датум.
По цели 25 години, конечно го уредуваме споменикот во с. Белчишта. Пет дена активна работа со механизација на терен. Целосно расчистен е патниот правец до самото спомен-обележје, просторот е уреден и достоинствен, како што доликува на нашата историја, објави градоначалникот на Дебрца Златко Сиљаноски.
Овој споменик е дело на големиот Јордан Грабулоски во 1958 година. Посветен е на храбрите бригади и народот на Дебрца во НОБ, која беше првата слободна територија во Македонија во текот на Втората светска војна каде беше прогласен манифестот за ослободување и беша формирани воени брогади како предвесник на Македонската армија.
Нашето славно минато е патоказ кон нашата поубава иднина. – пишува на спомен обележјето во Белчишта.
Не дозволуваме историјата да ни обрасне во трње. Ја градиме инфраструктурата и го чуваме достоинството на нашите предци, вели градоначалникот Сиљаноски.

















