Со решение на Државен инспектор за храна, се забранува за пиење водата од локалните водоводи во селата Свиништа, Завој, Куратица, Речица, Опеница, Вапила, Косел и Ливоишта, информираат од Општина Охрид.

По извршените лабараториски анализи, констатирано е отсуство на резидуален хлор, а во Свиништа, Куратица, Речица и Опеница и микробиолошка контаминација, со присуство на ешерихија коли. Се задолжуваат месните заедници од овие села да обезбедат безбедна вода за пиење, а дотогаш водата  што се користи за пиење да се преврива 30-40 минути, посочуваат од Општина Охрид.

OhridNews