Забрането е пиење вода од четири артерски чешми во градското подрачје.  Според Агенцијата за храна и ветеринарство по извршениот инспекциски надзор, констатирана е микробиолошка контаминација, со зголемен вкупен број на колонии на 37 и 22 степени, информираат од Општина Охрид.

Посочените артерски чешми се наоѓаат на следните локации: на пресекот на Бул. „Туристичка“ и улицата „Даме Груев“, во близина на ОУ „Григор Прличев“, во населбата Воска и чешмата до градскиот пазар, потенцираат од Општина Охрид.

OhridNews