Започна асфалтирањето на главната пристапна патека во рамки на градските гробишта
25.03.26 15:06
Денес започна асфалтирањето на главната пристапна патека во рамки на градските гробишта во Охрид.
Активностите се дел од Проектот за реконструкција на асфалтните пристапни патеки во рамки на градските гробишта, со кој Општина Охрид аплицираше на првиот Јавен повик за финансирање на проекти од Министерството за локална самоуправа.
Претходно со средства на Општина Охрид, екипи на ЈП „Нискоградба“ извршија поставување на комплетно нова атмосферска канализација долж главната пристапна патека.
Активностите за уредување на асфалтните пристапни патеки во градските гробишта ќе продолжат и во текот на наредниот период, информираат од Општина Охрид.
Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид реализираа посета на Одделот за геријатрија при О...
Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со Специјализираната болница за нефрологија и дијализа од Струга во сабота, 21 ноември, организираат едукативна трибина насловена „Да збо...
Охрид во март 2027 година ќе биде домаќин на 30 јубилејно годишно собрание на Европската едриличарска федерација (ЕУРОСАФ) Кандидатурата на Едриличарската федерација на Македонија (ЕФМ) беше едногл...