Вчера започна јунскиот рок за аплицирање за проектот „Купи куќа, купи стан“. Во текот на овој месец  граѓаните  повторно ќе можат да аплицираат за субвенциониран станбен кредит преку моделите „Пола рата“ или „Пола учество“.

Со моделот „Пола рата“, Владата ќе плаќа половина од месечната рата (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот. Каматата на станбениот кредит е исто така повластена и изнесува: 4,99 проценти за првите три години, 5,5 за четвртата и за петтата година од отплатата.

Со моделот „Пола учество“, Владата ќе плати 50 проценти од учеството за кредит за купување стан или за изградба на куќа. Каматата на станбениот кредит е повластена и изнесува ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата.

Од Министертвото за финансии потенцираат дека ова е добра шанса, со која граѓаните можат  да добијат до 9.900 евра субвенција од Владата за купување на куќа или стан.

OhridNews