МВР во тек на месец декември, по спроведена дисциплинска постапка, донело 59 решенија против 59 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, Притоа, на 46 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на пет вработени – мерка „писмено предупредување“, на четири вработени – мерка „запирање на постапката“, на двајца вработени – мерка „распоредување“ и на двајца вработени – мерка „отказ“.
Како што соопшти МВР, за командир во ПО за БПС Струга запрена е постапката покрената против него поради не утврдена одговорност. Од истите причини запрена била постапка и против полицаец во ПСОН-Охрид.
OhridNews