Илјадници навивачи на Фиорентина со високо развиорени одбележја на клубот, членови од клубот, членови на сите екипи од Серија А и прославени фудбалски имиња од светскиот фудбал се збогуваа со капитенот на „виолетовите“, Давиде Астори кој беше погребан со сите почести.

Соиграчите на Давиде Астори од Фиорентина скршени од тага го предводеа автомобилот со ковчегот на 31-годишниот фудбалер кој почина во сон, откако легна и не се разбуди во пресрет на натпреварот помеѓу Удинезе и Фиорентина.

Сите мечеви од Лигата на Шампионите и вечерашните од Лигата на Европа ќе започнат минута молк во чест на Астори кој прерано го напушти овој свет оставајќи зад себе женско новороденче и сопругата.

OhridNews