Организаторите на грен слем турнирот Ролан Гарос одлучија да го зголемат наградниот фонд за осум проценти во однос на ланското издание. Годинава се предвидени 39,2 милиони евра парични награди за тенисерите и тенисерките.

Победниците ќе добијат по 2,2 милиони евра, а солидни парични средства се обезбедени и за најдобрите во квалификациите, како и оние кои ќе испаднат во 1.коло. За нив се предвидени по 40 илјади евра.

Сепак, и покрај зголемениот фонд за награди, „Ролан Гарос“ е Грен слемот со најмалку парични средства за награди во однос на турнирите „Австралија Опен“, „УС Опен“ и „Вимблдон“.

Отвореното првенство во Франција ќе се игра од 27 мај до 10 јуни. Титулата во машка конкуренција ќе ја брани Рафа Надал, додека во женска Јелена Остапенко.

OhridNews