Во прекрасна и инспиративна атмосфера, во чест на 8 Март, ЖЦ „Бисера“ ја одржа својата 31-ва изложба на жени сликарки, на која беа претставени бројни уметнички дела исполнети со боја, емоција и креативност.

Пред присутните во име на Општина Охрид се обрати советничката Наташа Попоска Карче која упати честитки и подршка, со желба и во иднина да се создаваат уште многу обоени платна и успешни уметнички приказни.

Женскиот центар „Бисера“ продолжува да ја негува женската креативност и уметничкиот израз, со искрена желба да имаме уште многу здрави, среќни и успешни жени кои со својата работа и талент ќе го разубавуваат нашето општество, велат.

Манифестацијата беше збогатена со настап на млади таленти од музичкото училиште „Методи Патче“ од Охрид.

OhridNews