Просечна жена во текот на животот дури 104 пати ја менува својата фризура, покажале резултати од истражување направени по нарачка на фризер. Околу 3 000 дами учествувале во оваа студија, од кои 61% изјавиле дека со косата се занимаваат поради желба за нешто ново, а 44% бидејќи им е здодевно.

Раскинувањето на љубовните врски и љубовните проблеми со нова фризура ги решаваат 44% од припадничките на понежниот пол, а само 17% ја менуваат за да ги покријат белите влакна. Интересно е дека 38% мислат дека оваа новина ќе им донесе поголема самодоверба. Ги има и оние кои се одлучуваат на тоа кога ќе добијат дете, слават јубилеен роденден или поради венчавка.

-Жените отсекогаш ја користеле косата како најбрз и најефективен начин да го сменат изгледот. Сега, повеќето дами ја менуваат фризурата и почесто прават и помали зафати. Многу од нив се плашат од драстични промени, но имаат потреба нешто да направат со косата – изјавил фризерот Колинџ, кој го нарачал истражувањето, додавајќи дека во неговиот салон доаѓаат се повеќе жени со фотографии од последните модни трендови кои ги инспирирале да ја направат промената.

извор:zenstvena.com