Жителите на село Белчишта и годинава верни на традицијата. По повод празникот Св. Атанасиј верниците носеа крсти и икони, одејќи во поворка низ селото до месната црква „Св. Атанасиј“ со молитви за бериќет и здравје.
Денес пред општинската зграда ги пречекавме „Крстите“ за Св. Атанасиј – славата на нашето Белчишта. Со заедничка молитва и благослов побаравме здравје и бериќет за сите сограѓани. Да си ја чуваме и негуваме традицијата што ни ја оставиле старите. Со верба во Бога, за многу години нека е празникот и за здравје во секој дом!, вели градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски.
OhridNews















