Ѕвездите предводени од Леброн Џејмс блеснаа на Ол Стар викендот кој се одржа во Лос Анџелес. Леброн и неговата дружина подобри беа од екипата на Стеф Кари со 148-145.

67-то издание на Ол стар натпреварот кој прв пат се одигра во две поделени екипи, а не во исток и запад очекувано понуди дузина кошеви и атрактивни потези.

Наградата за најкорисен кошаркар му припадна на Леброн Џејмс кој уфрли 29 поени. за „кралот на кошарката“ ова е трета МВП титула од Ол стар натпреварите.

 

Следната година Ол стар викендот ќе се одржи во Шарлот. 

OhridNews