Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца организира јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.

Јавната расправа ќе биде организирана на 07 Април 2026 (вторник), со почеток во 11:00 – 13:15 часот во сала на состаноци во општина Дебрца.

Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

Коментари/мислења/сугестии по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа може да се достават писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на преку поштенската адреса Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на меил адресата [email protected], најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.

Белчишко Блато претставува значајно влажно живеалиште со висока биолошка разновидност лоцирано во општина Дебрца, и е важно за зачувување на ретки и загрозени растителни и животински видови од национално и ЕУ значење, како и за одржување на природната рамнотежа и екосистемските услуги на регионот. Истото е веќе идентификувано како идно Натура 2000 подрачје.

OhridNews