Јубилеен концерт по повод 20 години од постоењето на Државното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ – истурени паралелки во Струга, ќе се одржи на 29 април 2026 година (среда), со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура Браќа Миладиновци во Струга.

Во изминатите 20 години, нашето училиште прерасна во значаен центар за музичко образование во државата, кој создаде бројни млади кадри што своето образование го продолжија на престижни универзитети и денес се истакнати уметници, велат од училиштето.

Во рамки на програмата ќе настапат хорот и оркестарот на училиштето под диригентската палка на маестро Алтин Зиба.

OhridNews