ОГЛАСИ

Прифатена жалбата на инвеститорот за хотелот во Лагадин

Вести | Охрид | 27.06.2017 07:00Посети : 7012

Инвеститорот на хотелот во Лагадин, бизнисменот Никола Толевски, ги отфрла обвинувањата на неформалното еколошко движење Охрид ЅОЅ, кое неодамна со писмен допис до медиумите обвини дека градењето на спорниот објект продолжува и покрај тоа што има решение за времено запирање на градежните работи, за што потврда била добиена од републичкиот инспекциски совет. Тој посочува дека преземените градежни активности се легални, бидејќи второстепената владина комисија позитивно одговорила на неговата жалба по однос на решението на општина Охрид за поништување на издаденото решение за градба 


-Таа жалбена постапка траеше два месеци после што добив одговор каде Решението на градоначалникот на општина Охрид за поништување на решението за градба се поништува, а со поништување одобрението за градба станува правосилно. Јас за да не трпам натамошни штети решив да ја завршам последната пло;а за кога врне да не ми се полни подрумот. - изјави Толевски. 



Инвеститорот тврди дека ги почитува законите, и дека не гради голем објект кој ќе го наруши изгледот на крајбрежјето, туку хотел од мал обем со 8 апартмани и 10 соби, за што има склучено договор со туроператор од Холандија, во кој тој се обврзал дека истиот ќе биде готов до крај на месец јуни, а кој поради застојот нема да се реалзира.


 


Општина Охрид потврди дека второстепена комисија при Министерството за транспорт и врски ја уважила жалбата на инвеститорот и предметот го вратила на повторно одлучување во локалната самоуправа и најави дека наскоро ќе биде донесена соодветна правна одлука.


Г.М.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1262 гласови (37%)

Не - 848 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1270 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833