ОГЛАСИ

Грчкиот министер за надворешни работи го блокираше претседателот на ОМД на Твитер

Вести | Свет | 14.11.2017 07:24Посети : 813

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коцијас го блокираше на Твитер претседателот на Обединетата македонска дијаспора - ОМД Методија Коловски.

-Утрово, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коцијас, без никаков очигледен повод, го блокираше претседателот на Обединета Македонска Дијаспора, Методија А. Колоски, на социјалната мрежа Твитер. Колоски истакнува дека немало никаква провокација или каква било постапка од негова страна која би предизвикала ваква реакција. Ваквата постапка на Коцијас е само еден од многуте примери за тактиката со која Грција пристапува во својот однос кон Македонија. Наместо да покаже волја за отворен и конструктивен дијалог во обид да се најде решение за небулозниот спор околу името, грчката влада се обидува да ја замолчи другата страна бидејќи знае дека историјата, фактите и здравата логика се против неа. - информира ОМД.

Грција не го признава постоењето на посебен македонски етникум, јазик или народ во Грција. На грчки државјани кои се идентификуваат како Македонци, грчката влада им ги ускратува основните човекови слободи на говор, вероисповед, печат и здружување, смета ОМД.

-И покрај ваквата тактика на грчката влада, ОМД одбива да биде замолчена и ќе продолжи со помош на своите поддржувачи да ја застапува глобалната македонска заедница и нашата татковина со нејзиното уставно име Македонија, како и со нејзините човекови права и вредности кои важат за сите нејзини државјани. ОМД се стреми кон соработка со пошироката меѓународна заедница со цел унапредување на универзални идеали како мирот, слободата, правото на самоопределување, еднаквоста и правдата.- истакнуваат од ОМД.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833