ОГЛАСИ

Во Охрид пристигна првиот супер модерен ласер за безболен стоматолошки третман во Македонија

Вести | Охрид | 28.01.2013 13:35Посети : 8932

Не го сакате звукот на машините во стоматолошките ординации? Ве плаши болниот третман? Заборавете на тоа. Од сега пациентите во Охрид ќе имаат можност да ги поправаат своите заби безболно по најнови светски методи со ласер,  кој од денеска официјално е ставен во употреба во стоматолошката ординација „Д-р Баткоски“, која работи во склоп на здравствениот центар „Св. Ѓорѓија“.





Овој ласер (laser kavo key 3+) е единствен од таков вид во Македонија, кој овозможува поправање на заби без болка, но исто така се користи и за поставување импланти, операции, белење на заби и др. Со ласерот работи обучен тим лекари и медицински персонал, предводен од Д-р Небoјша Баткоски.





Пуштањето во употреба на супер модерниот ласер за безболен третман на заби во стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, се поклопува со одбележување на првата година од работењето на здравствениот комплекс „Св. Ѓорѓија“ во чиј склоп уште функционираат и солена соба „Виа сол“ и аптеката „Виа Фарм“.





Во првата година од работењето во склоп на комплексот, стоматолошкиот центар„Д-р Баткоски“, привлече 3000 пациенти кои тука го избраа својот матичен стоматолог. Поставени се протези на 200 пациенти, а кај 100 се вградени импланти.





 Оваа ординација е единствена во градот која вади матични клетки од млечни заби. На почетокот од годината во стоматолошката ординација „Д-р Баткоски“ во функција е ставена сопствена заботехничка лабораторија со „кад –кам“ машина која ласерски обработува порцелански заби.





Првата професионална солена соба во Охрид „Виа сол“, предходната година ја посетија над 3000 пациенти од различни возрасти, кои користеа разни  терапии како халотерапија и професионални медицински масажи.





Аптеката „Виа фарм“ која работи во склоп на здравствениот центар „Св. Ѓорѓија“ е една од 5-те од ланецот аптеки „Виа фарм“. Таа нуди широк спектар на лекови , како и козметика и "medicus help"- ортопедски помагала.


OhridNews
фото:„Мега продукција“



© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Цените на продуктите за велигденските празници се:

Прифатливи

Високи

Цените се реални, стандардот е низок

Гласај

Прифатливи - 0 гласови (0%)

Високи - 1 гласови (25%)

Цените се реални, стандардот е низок - 3 гласови (75%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833