Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денес учествуваше на теренска активности – планинарски марш на планината Галичица со колегите и полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Патеката долга околу 7 километри ја изминавме не само како вежба за издржливост и тимски дух, туку како вистинска можност да ја сплотиме силата на институциите со волјата на заедницата. Со нас беа и волонтерите од Планинската спасувачка служба – Охрид, партнери со исклучителна мисија и огромно срце. Во еден здив, заедно разговаравме, разменувавме искуства и идеи за поефикасно заедничко дејствување при пожари, елементарни непогоди и спасувачки операции. Беа презентирани и дел од нивните вештини, опрема и методи на работа – вредности што ги надополнуваат нашите капацитети, истакна Јанев.

OhridNews











