Општина Охрид објави Јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина Охрид за академската 2025/2026 година. Образовниот додаток се доделува еднократно за целата академска 2025/26 година.

Образовниот додаток изнесува еднократно во нето износ 6000,00 денари за студенти кои ги исполнуваат наведените услови во повикот и истиот е неповратен. Потребните документи заедно со изјавите треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик, се наведува во Јавниот повик.

Во буџетот на општина Охрид се обезбедени 399.996,00 денари за оваа намена. Ќе биде овозможен паричен надоместок за максимум 60 студенти.

Повеќе информации на линкот.

OhridNews