Општина Охрид објави Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и голомразица која ја зафати општина Охрид на 06.04.2025 година.

Граѓаните потребно е да поднесат Барања кои ќе им бидат достапни во просториите на архивата на општина Охрид. Покрај Барањето секој барател треба да достави: копија од имотен лист, копија од лична карта, доказ за користење на земјиштето за насадите (Решение за запишување на земјоделското стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, Имотен лист, Договор за закуп на земјоделската површина – се доставува доколку земјиштето е под закуп), како и трансакциска сметка, информираат од Општина Охрид.
Со потпишување на Барањето, додаваат се потпишува и изјава за веродостојност на податоците и изјава за согласност за користење на личните податоци. Посочуваат дека доколку доставените документи не се целосни, барањето нема да се разгледува.

OhridNews











