Калливата вода од градежни активности од утринава истекува во Охридското Езеро во близина на бензиската станица Лук Оил.
Од ЈП Колекторски систем Скопје, Подружница Охрид велат дека се излезени на терен заедно со инспекциските и другите надлежни служби и посочуваат дека не станува збор за фекалии, туку само за каллива вода.
Калливата вода која истекува и се испушта во Охридското Езеро потекнува од исцрпување на вода настаната од градежните активности кои се изведуваат над бензиска пумпа Лук Оил на Бул. „Туристичка“ Охрид. На лице место на терен излезени се надлежниот Инспекторат, екипи на ЈП Нискоградба и екипите на ЈП Колекторски систем, посочуваат од претпријатието.
Н.С.Ј.