ЈП „Охридски Комуналец“ започнува со активности за проширување на мрежата за примарна селекција на отпад во домаќинствата.

Досега во оваа мрежа се опфатени над 300 домаќинства коишто имаат добиено канти за селекција на пластика и картон/хартија. Сите граѓани коишто ќе имаат можност да се приклучат на оваа мрежа во следната фаза на спроведување на системот за управување со отпад ќе бидат благовремено известени, посочуваат од претпријатието.

Воедно информираат дека граѓаните може да добијат информации поврзани со селекцијата на отпад на територијата на општина на зелениот телефон: 076/355-327.

OhridNews