ЈП „Охридски Комуналец“ со известување за промена во динамиката на подигнување на отпадот поради високите дневни температури.

Ги известуваме граѓаните на Општина Охрид, корисници на нашите услуги, дека заради посебните мерки за превенирање на последиците од топлотниот бран, во овие денови подигнувањето на комуналниот отпад на одредени места од Oпштина Охрид и приградските населби, ќе се одвива со закаснување. Се надеваме на разбирање за динамиката на подигнување која е наметната заради посебните мерки, велат од претпријатието.

Воедно информираат и дека од раните утрински часови биле реализирани активности за темелно машинско миење на чаршијата.

Се спроведе темелно машинско миење на чаршијата. Беше употребено и дезинфекционо средство, а на одредени места каде имаше потреба беше дополнето со рачно чистење, Согласно Програмата за работа за 2023 год. машинско миење на коловозите се спроведува секојдневно, според категоризација на улици, во периодот од 22 часот до 5 часот наутро, додаваат од ЈП „Охридски Комуналец“.

OhridNews