Во рамки на 7-то коло од ракометната Супер лигата ГРК Охрид во недела гостува кај екипата на Мулти Есенс.
Ни следува натпревар против екипата на Мулти Есенс. Станува збор за млада и борбена екипа. Нашата цел е јасна, да играме организирано и да ги искористиме нашите квалитети, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Ален Ќосевски.
Натпреварот се игра во салата „Автокоманда“ со почеток во 16:00 часот.
OhridNews











