Позицијата опфаќа правна поддршка во договорните, корпоративните и работно-правните прашања на Друштвото, активна поддршка и вклученост во HR процесите, како и следење на усогласеноста со важечките прописи.
Одговорности
- Изготвување, преглед и усогласување на договори со домашни и странски партнери (купопродажба, набавка, услуги, закуп, дело, рамковни договори)
- Анализа на договорни ризици (рокови, пенали, гаранции, одговорност за штета, раскинување) и давање предлози за заштита на интересите на Друштвото
- Следење на извршувањето на договорните обврски и навремено реагирање при доцнење или неисполнување
- Изготвување на опомени, спогодби, анекси и изјави за пребивање
- Изготвување и преглед на договори за вработување, анекси, решенија и други акти од работен однос, согласно Законот за работните односи
- Активна вклученост и поддршка во дисциплински постапки, престанок на работен однос и постапување по барања, приговори и барања од вработени
- Изготвување и ажурирање на систематизација, правилници и интерни акти на Друштвото
- Постапки пред Централен регистар на РСМ (упис на промени, овластувања, актуелни состојби)
- Изготвување на одлуки, записници и други корпоративни акти на Друштвото
- Подготовка на документација за наплата на побарувања и предлози за извршување
- Соработка со надворешни адвокати, нотари и извршители и следење на судските предмети
- Активна соработка со раководството и другите одделенија во Друштвото
- Следење на измените во законската регулатива и навремено информирање на релевантните сектори
- Грижа за усогласеност со прописите за заштита на личните податоци
- Водење евиденција и архива на договори, полномошна и правни акти
Задолжително:
- Завршен Правен факултет (VII/1 степен, 240 ЕКТС)
- 1–2 години работно искуство како правник во производствена или трговска компанија
- Солидно практично познавање на релевантното законодавство (ЗРО, КП-ЗОО,ЗТД и сл.)
- Искуство во самостојно изготвување и преглед на договори
- Активно познавање на англиски јазик (читање и анализа на договори на англиски јазик)
- Солидно познавање на MS Office цел пакет
- Дигитална едуцираност и пракса
Предност:
- Положен правосуден испит
- Познавање на Законот за заштита на личните податоци
Лични карактеристики:
- Аналитичност, прецизност и внимание на детали
- Смоиницијативност
- Способност правните прашања да ги објасни јасно и практично на колеги кои не се правници
- Самостојност во работата, организираност и почитување рокови
- Дискреција и професионален интегритет
Што нудиме
- Долгорочно и сигурно вработување
- Работа на реални предмети со меѓународен карактер и можност за професионален развој
- Редовна и стимулирачка месечна плата
- Вработување на определено време, со можност за продолжување на неопределено
- Обезбедена обука и воведување во работата
- Обезбеден оброк на локација
- Регрес за годишен одмор, новогодишен надоместок, доброволно приватно здравствено осигурување, додаток за присуство
- Награди и бонуси согласно покажани резултати
- Паркинг простор во непосредна близина на фабриката
- Бесплатно учество на различни спортски,рекреативни настани, промоции, саеми и сл.
Работно време:
- 40 часа неделно, од понеделник до петок (прва смена)
Локација:
- ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид
Аплицирајте на: Слободни работни места | LTH Castings до 13/12/2026 година.
Во апликацијата приложете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо.


