Во полн ек е хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ што ја спроведуваат Црвен крст Охрид во соработка со KAM Village, а наменета за помош на децата од социјално загрозените семејства. Волшебната елка накитена и поставена во комплексот KAM Village, покрај обичните, содржи и волшебни лампиони во кои се напишани новогодишни желби на деца во социјален ризик од Охрид и Дебрца.

Благодарност до голем број наши сограѓани што од почетокот на акцијата на 10 декември до денес учествуваат во оваа акција земајќи од волшебните лампиони, обезбедувајќи/набавувајќи ги напишаните желби/подароци и донесувајќи ги подароците на рецепцијата во хотелот Village или во Црвен крст Охрид. Остануваат уште 7 дена за оваа акција и уште неколку неискористени волшебни лампиони со новогодишни желби на децата кои живеат во социјален ризик, велат од Црвен крст Охрид.

Информираат дека утре од 12 часот кај Волшебната елка во КАМ Village предвидена е забава за најмладите.

Свој настап со изведување на новогодишни и божиќни песни ќе имаат детскиот хор при Културно-уметничкото друштво ЃЕРДАН ОД БИСЕРИ под раководство на уметничкиот раководител, Татјана Узуноска Тренеска и детскиот хор БАМБИНО под раководство на професор Снеже Попова, додаваат.

Доделувањето на новогодишните подароци на децата од ранливите категории ќе се реализира на предновогодишната забава околу елката на 24 декември од 12 часот.

Од Црвен крст Охрид ги охрабруваaт хуманите луѓе да се приклучат во оваа хуманитарна акција.

OhridNews