Започна асфалтирањето на улицата „Радојца Новичиќ”, информираат од Општина Охрид.

На улицата беше поставена нова атмосферска канализација и се изврши спуштање под земја на каблите од електричните водови и операторите. Покрај тоа се уреди и речното корито на реката Сушица, додаваат.

Вредноста на проектот, велат, изнесува околу 6 800 000 денари.

OhridNews