Предлог буџетот на Општина Охрид, како и предлог програмите за 2023 година на јавните претпријатија и во повеќе сфери пред советниците на седницата закажана за четврток со почеток во 9 часот.

На дневен ред 72 точки меѓу кои Предлог-заклучок за усвојување Анализа за материјално – финансиската состојба на ЈП „Водовод“ Охрид, со цел утврдување на оправданост од преземање мерки и активности за надминување на последиците од актуелната енергетска криза.

Пред советниците и Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид, Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ Охрид, Предлог-одлука за усвојување на годишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор на Општина Охрид за 2023 година, Предлог-одлука за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2023 година во Општина Охрид, како и точки од урбанистичката сфера.

OhridNews