Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Охрид ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и посвежо време. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.

OhridNews