Публиката на исполнетата летна сцена Долни сарај синоќа уживаше во настапот на извонредните балкански стендап комичари Никола Тодороски – Македонија и Срѓан Олман – Србија. Непосредни и креатривни Никола и Срѓан воспоставија супер врска со гледачите, приредуваќи им вечер за паметење која заврши со стоечки аплаузи.

Ѕвездено финале на „Summer comedy marathon“ I Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Прв настапи Никола Тодороски со препознатлиот хумор инспириран од ситуации од секојдневниот живот на кој одлично реагираше присутната публика.

Во вториот дел од шоуто настапи харизматичниот Срѓан Олман кој експресно воспостави врска со гледачите кои уживаа во креативниот и длабок хумор инспириран од секојдневието и менталитетот на луѓето од Балканот.

Со урнебесното шоу на Никола Тодороски и Срѓан Олман заврши седмото издание на „Summer comedy marathon“. Фестивалот ја помести летвичката на квалитетни културни настани на повисоко ниво за што потврда се 19-те целосно распродадени шоуа од вкупно 21 колку што беа изведени на годинешниот „Summer comedy marathon“.

Атмосферата од големото финале на „Summer comedy marathon 2025“ ја долови фотографот на Охридњуз Анамарија Момироска.

Фото галерија:

Summer comedy marathon“ ја помести летвичката на квалитетни културни настани на високо ниво

Г.М.
Фото А. Момироска