Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриноски е нов ракометар на ГРК Охрид, информираат од клубот. Десниот бек на македонската репрезентација (27 години, 187цм) потпиша на миниум 2 години со ГРК Охрид.

Неговото пристигнување претставува значајно засилување за нашиот тим во борбата за повисок пласман во македонското првенство и на европската сцена во ЕХФ Европскиот Куп, велат од ГРК Охрид.

Јагуриноски доаѓа од Десау (Германија), а досегашната кариера ја помина во РК Вардар 1961 и РК Металург.

Чест ми е што ќе се придружам на колектив како ГРК Охрид кој има голем напредок и амбиции како клуб. Охрид е македонскиот бисер и е задоволство да се игра за овој дрес и овие навивачи. Се надевам дека со моите игри ќе придонесам за подобри резултати и исполнување на амбициите на клубот, изјави Јагуриноски.

OhridNews