Ракометарите на Охрид во рамки на 3-то коло на Супер лигата во сабота гостуваат кај екипата на Бутел.
Играме против Бутел, млада и перспективна екипа која сигурно ќе влезе мотивирано и со многу енергија. Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен, со сериозен пристап и максимална концентрација од почеток до крај. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар и ќе се вратиме со победа, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Томислав Јагуриновски.
Натпреварот се игра со почеток во 17:00 часот во салата „Антон Димитров“.
OhridNews











