Јанкулоски: Регистрирани 24 пожари на отворен простор за два месеци, жителите да се воздржат од потпалување стрништа
29.02.24 14:36
Зголемен бројот на пожари на отворен простор годинава во јануари и февруари, споредбено со истите месеци минатата година.
Командирот на Територијалната противпожарна единица Охрид, Борко Јанкулоски вели минатата година во првите два месеци регистрирани биле вкупно 71 пожар од кои 19 биле пожари на отворен простор.
Во јануари и февруари оваа година вкупно се регистрирани 72 пожари од кои 24 се пожари на отворен простор. Десет од пожарите на отворено се во Општина Дебрца оваа година, додека лани за истиов период во Дебрца биле регистрирани само 3, потенцира Јанкилоски.
Во изминатото деноноќие, вели, интервенирано е на еден пожар на отворен простор во село Злести, Дебрца, на еден оџачки канал во к.с. зграда, една техничка интервенција на отварање на стан и една техничка интервенција при дојава за експлозивни направи.
Жителите на Охрид и Дебрца да се воздржат од потпалување на стрништата, да бидат совесни и да бараат соодветни безбедни алтернативи за одржување на нивите, апелира Јанкулоски.
После неколкуте пожари на отворен простор на локации на подрачјето на Oпштина Дебрца, СВР Охрид информираше дека се отпочнати поинтензивни активности и контроли со цел, поголема заштита на регионот од појава на пожари.
Воедно и тие апелираа до жителите на Дебрца да избегнуваат палење оган на отворено, на стрништа, плевел и отпадоци, потсетувајќи дека предизвикувањето на шумски пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци. При тоа, посочија дека предвидена е и затворска казна до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.
По повод празникот посветен на великомаченичките Св Софија, Љубов, Вера и Надеж на 30 септември, среда, во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи традиционалниот црковно ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ Зад признанието стои научна работа што помогна да се создаде нова генерација лекови за дијабетес и де...
Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа во Скопје загуби од Швајцарија со 0:3 на стартот од Лигата на нации Ремо Фројлер го отвори резултатот во 22 минута, а Зеки Амдуни погоди во 41 и 74 м...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.