Преку „Грант програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP)“ Јапонија обезбеди поддршка за реализација на проекти во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани и основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Битола. За таа цел беа потпишани договрите од страна на амбасадорка на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара со директорите Рената Пешиноска на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани и Предраг Созовски, директор на основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Битола.
Проектот за обезбедување на компјутерски радиографски систем за ЈЗУ Здравствен дом Вевчани, во вредност од 34,656 евра, ќе помогне за подобрување на квалитетот на здравствените услуги за граѓаните. Проектот за реконструкција на покривот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола, во вредност од 80,314 евра, ќе помогне за подобрување на образовната средина за учениците, информираат од Амбасадата на Јапонија.

OhridNews












