Јавното обвинителство Охрид поведе постапка за прекршување на изборниот процес. Постапка е отворена против лица кои наводно подготвувале поткуп на гласачи.
Како што соопшти вечерва на прес конференција Републичкото јавно обвинителство, за време на гласањето полицијата запрела возило во кое биле пронајдени 30 банкноти од по 2000 денари и список на лица на кои требало да им се дадат парите.
Во тек е истрага која тѕреба да го расветли целиот случај.
Г.М.