ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид на 10 октомври ќе одржи работилницата за подигнување на јавната свест: „Нeвидливи мрежи-видлива закана!“, посветена на запознавање на пошироката јавност со реализираните активности за отстранување на напуштен, изгубен, заборавен или на друг начин оставен рибарски алат – таканаречени „мрежи духови“ – од Охридското и Преспанското Езеро.
Работилницата ќе се одржи во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 12:00 часот.
Според податоци на ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид во 2023 година извадени се 64 „мрежи духови“ дел од нив индивидуално поставени и обмотани околу карпите, а дел со различни димензии на окца исплеткани едни со други во рамки на четиридневната кампања спроведена од 2-ри до 5-ти октомври на локалитети од Свети Заум до полуостровот Градиште.
Во слична акција спроведена во 2017 година од Охридското Езеро биле извадени напуштени мрежи од најразличен вид и материјал во должина од 14 километри кои биле околу пумпата за снабдување со вода на градот Охрид.
Н.С.Ј.