Екипата на Охрид овогодинешниот ЕХФ Европски Куп го започнува со двомеч против екипата на Спор Тото СК од Турција. Двата натпревари ќе се одиграат во „Билјанини извори“ на 23ти и 24ти октомври, со почеток од 18:30 часот.

Подготвени сме за овие два натпревари. Знаеме дека ќе биде тежок предизвик, но веруваме во себе и во нашиот тим. Ќе се бориме заедно, ќе дадеме 100% на теренот и ќе дадеме се од себе за да го постигнеме посакуваниот резултат, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Шуичи Јошида.

Карта за еден натпревар чини 200 денари, а блок карта за двата натпревари 300 денари. Истите може да се набават на исклучиво на билетарата при СРЦ „Билјанини извори“ секој ден од 17:30 до 20:30 часот.

OhridNews