П „Охридски Комуналец“ упатува апел до граѓаните отпадот од домаќинствата и дворовите да не го оставаат покрај контејнерите, на улица или на други несоодветни места.

Кабастиот и зелениот отпад, потенцираат, се подигнуваат во рамки на организирани акции, предвидени согласно Календарот за подигнување отпад за 2026 година, па граѓаните се повикуваат да ги искористат предвидените термини.

Воедно од јавното претпријатие потсетуваат дека во кабаст отпад влегува стар мебел како маси, столови, шкафови, плакари, кревети и душеци, фотелји, гарнитури, како и други поголеми предмети од домаќинствата што не можат да се одложат во обичните садови за комунален отпад, додека во зелен  искосена трева, лисја, суви и зелени гранки, растителен отпад од дворови и градини, како и други растителни остатоци од одржување на зелените површини.

Во овие акции не се оставаат: градежен шут, електронски и електричен отпад, автомобилски гуми, отпадни масла, опасен отпад и комунален отпад, посочуваат.

Правилното одлагање на кабастиот и зелениот отпад придонесува за спречување на создавање диви депонии, одржување на чисти и безбедни улици и јавни површини и олеснување на понатамошниот третман на отпадот.

Со правилното одлагање се намалува мешањето на различни видови отпад и се создава можност дел од отпадот да биде преработен или повторно искористен, потенцираат.

Апелираат граѓаните да ги користатат организираните акции за собирање, а доколку имаат потреба за одлагање на кабаст и/или зелен отпад порано од предвидената дата да се обрата на бројот 075-397-944.

OhridNews