ЈП „Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите од Грашница кои беа наменети за комунален отпад од плажите Канео и Лабино во текот на туристичката сезона.
По завршувањето на туристичката сезона, ЈП „Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите од оваа локација, па затоа ги информираме граѓаните, а воедно и упатуваме апел, да не депонираат комунален отпад, кабаст и зелен отпад и градежен шут на оваа локација, потенцираат од претпријатието.

OhridNews













