Во тек се активности за асфалирање на делот од Врбјани до Ботун-главна траса, а забрзано се градат и пристапните патишта од Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и пристапен пат до село Горенци и село Оровник, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
Се изведува последната фаза пред асфалтирање и градежни активности на клучките Арбиново и Издеглавје. Се поставува жичана ограда и еластична ограда. Кај Климештани е завршена десната страна и пуштена под времен режим на сообраќај и започнуваат активности на лева страна-главна траса. Започната е првата фаза на клучка Требеништа. Интензивно се работи од Подмоље до х. Амасадор на изградба на столбови за натпатник, изградба на потпорен ѕид, како и на изградба на фекална и атмосферска мрежа, посочуваат.
Се работи, велат од ЈПДП интензивно и на натпатникот кај Св. Еразмо, а левата страна од Подмоље до Охрид е при самиот крај и се поставува еластична ограда во средишниот дел и се вршат припремни работи за асфалтирање на десната страна- главна траса.
Поради зголемените активности на терен ги замолуваме сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат времената сигнализација поставена според одобрен сообраќаен проект од страна на МВР и Министерство за транспорт, додаваат.
OhridNews
фото. ЈПДП