Струга и ова лето ќе биде домаќин на јубилејното 10. издание на Drim Short Film Festival – фестивал кој веќе една деценија ја збогатува културната сцена, ги поврзува авторите и публиката и ја афирмира филмската уметност.

Со многу љубов кон филмската уметност, секоја година заедно со нашата публика и нашите драги филмски пријатели стануваме еден мал брег каде што филмот станува дел од летото на Струга и дел од приказната на сите што поминале низ него. Секоја година ја боиме реалноста со малку убавина. Затоа, оваа година не славиме само јубилеј. Ги славиме сите капки слеани во ова наше езеро – секој автор, секој филм, секој гледач, секој волонтер. Ниту една приказна не се создава сама, велат организаторите.
Од Општина Струга ги поканува сите љубители на филмот да бидат дел од ова значајно културно случување.
Генерален покровител на овогодинешното издание на фестивалот е Агенција за филм на Северна Македонија.
OhridNews












