Оваа година ќе се одржи јубилејното 10-то издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски – Профа“, традиционален спортски настан во чест на две личности кои оставија голема трага во нашата заедница.
Турнирот се организира во чест на Васко Речкоски – Профа и Ѓоко Чингоски, поранешен директор на ООУ „Живко Чинго“ – с. Велгошти, како знак на почит за нивниот придонес и вредностите што ги пренесуваа на младите. Овој турнир веќе 10 години е едно од најпрепознатливите спортски случувања во регионот, а е наменет за деца и младинци до 19 години, со цел преку спорт, дружење и фер-плеј да се продолжи нивниот дух и традиција, велат организаторите.
Ги информираат сите заинтересирани екипи дека пријавувањето и ждрепката ќе се одржат на 8 јуни.
Воедно, упатуваме повик до сите компании, локални бизниси и поединци кои сакаат да помогнат и да бидат дел од овој настан, да се приклучат како спонзори и поддржувачи на турнирот. Споменот живее таму каде што делата никогаш не се забораваат, порачуваат.
OhridNews













