Во прекрасниот Емералд Ресепшонс во Томастон-Австралија во организација на охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ на 1 јули ќе се одржи јубилејниот 40-ти по ред хуманитарен „Охридски бал“ по повод празникот на Свети Наум Охридски Чудотворец.
Иако далеку од родниот Охрид и прекрасните села, а со силно чувство на почит и благодарност кон чудотворната моќ на Свети Наум, Охриѓани достоинствено години наназад го слават денот посветен на овој светител и заштитник на Охрид.
Присутни гости ќе ги забавуваат познатите естрадни уметници Татјана Лазаревска и Легато бенд.
Инаку, Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн Австралија години нананзад ги помага немоќните и социјално загрозените граѓани во Охрид и одржува силни врски со родниот крај. Поради своите хуманитарни активности, ова здружение ја доби и Повелбата на Република Македонија за македонските иселенички организации „Македонија памети“ од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.
OhridNews