Љубовта кон пишаниот збор и македонскиот јазик деветоодделнката Марија Тодороска, ученичка во ООУ „Христо Узунов“, ја преточи во стихозбирката „Соѕвездие во мислите на Марија“.

На денешната промоција за пошироката јавност, Марија вели членовите на семејството го препознал нејзиниот талент за пишување, но поддршката што потоа ја добила од соучениците и наставниот кадар во училиштето резултира со издавањето на првата нејзина стихозбирка.

Ова се првите стихови кои излегоа најдлабоко од мене и решив да ги посветам на најсаканите луѓе, но и да им ги подарам на сите деца. Мотивите ги пронаоѓав насекаде околу мене, но особено во луѓето, оние кои ми го прават животот посветол, поубав и полесен. Сакам со цело срце да им се заблагодарам на мајка ми и целото мое семејство, моите блиски луѓе, другарчињата. Огромно благодарам и до Општина Охрид која финансиски го потпомогна печатењето на стихозбирката, до директорката на моето училиште, која ме поддрша во се, мојата прва учителка, мојата наставничка по македонски јазик која ми ја дуплира љубовта кон јазикот, мојот класен кој знма дека се гордее со мене и соте останати кои вака или така беа вклучени во ова.

Песните почнала да ги пишува во октомври минатата година и не се надевала дека ќе напише стихозбирка.

Во јануари годинава после зимскиот распуст почнав да размислувам околу идејата за издавање на стихозбирка и истата и ја соопштив на мојата настиничка. Наидов на позитивен одговор од нејзина страна. Во април на патрониот празник на училиштето беше промовирана стихозбирката во самото училиште, а денес ја промовираме и за пошироката јавност.

Вели, од мала го сака македонскиот јазик, а во шесто одделение ја напишала и првата песна која ја прочитала пред нејзините соученици и сите и аплаудирале. Тоа беше, вели, и првата поддршка од моите соученици.

Во стихозбирката, посочува, има 18 песни во кои има различни стилски фигури, а најмногу се задржала на епитетот и компарацијата.

Римата е многу застапена, скоро во сите песни. Секоја песна има своја содржина, своја приказна. Инспирацијата ја црпев од ѕвездите кои се мој заштитен знак за добрина, сила и храброста. „Соѕвездие во мислите на Марија“ сакам на секое дете му покаже дека штом љубиш и сакаш, се може да биде реалност, вели Марија.

Сихозбирката беше достапна за присутните на промоцијата, а се очекува истата да биде достапна и во Библиотеката во Охрид, како и во училишната библиотека на ОУ „Христо Узунов“.

Марија со голем ентузијазам размислува следно да пишува и проза, бидејќи вели подобро може да се изрази, но и поезијата останува првата љубов.

Ова е нејзина прва стихозбирка, но желбата е голема да истата биде само отскочна даска за следните нејзини издадени дела.

Н.С.Ј.